ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протестите

од Nikola Popovski

Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави протест пред Владата поради преговорите со Бугарија. Протестот ќе започне во 12.30 часот од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“.

„Денес ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот повторно излегува на улица. Излегува на улица затоа што Заев повторно излажа дека не преговарал за името, идентитетот, јазикот, историјата.  Заев изјави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу комисиите, претставниците на комисиите изјавија дека нема напредок што значи дека Заев лаже. Време е да се стави крај на неговата лудост пред да биде предоцна. Или Заев, или Македонија“, порачал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Слични содржини