-СДСМ се во паника. Живи се фатени дека соработувале со странски служби. Живи се фатени во нивното сценарио кое што е на штета на државата, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Паниката и стравот на лицето на Зоран Заев и на лицето на Петре Шилегов не може да се скрие.

Уште во текот на вчерашниот ден ВМРО-ДПМНЕ прати соопштение во кое повика надлежните институции да откријат од каде се актуелните снимки, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните институции да го истражат темелно и случајот Пуч, да видат кој снима и кој се користи со такви материјали за закана кон носители на државна функција, во соработка со странски служби, има судска постапка и ние како партија остануваме со став дека и партиите и медиумите во врска со овој случај треба да се однесуваат одговорно и професионално и во рамки на Уставот и законите и демократските стандарди, за да не се дозволи намерата на тие што се инспиратори и креатори на овој случај да се реализира.

Шилегов прво нека објасни како купил злато од 130 илјади евра, како купил слики од 50 илјади евра, како го стекнал огромното богатсво од еден милион евра, па потоа нека се појавува со нови манипулации во јавноста.

Стравот во неговите очи говори дека за случајот Пуч, како и за неговите скандали нема вистински одговори и затоа панично се обидува да се одбрани и себеси и својот шеф Зоран Заев“, соопштува ВМРО – ДПМНЕ./ТВ Нова

Слични содржини