Радмила Шекеринска и СДСМ се занимаваат исклучиво со креирање на тензии во општеството, бидејќи само тоа го знаат и бидејќи само така успеваат да се зачуваат на своите политички позиции, порача ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција на денешната прес-конференција на заменик-претседателката на СДСМ.

vmro-dpmne-soopstenie

„Дали Радмила Шекеринска беше загрижена кога таа и нејзината партија го газеа достоинството на граѓаните во Македонија. Дали и колку беше загрижена Радмила Шекеринска за криминалната приватизација која ја спроведе СДСМ? Дали тогаш Шекеринска чувствуваше страв дека граѓаните ќе ја изгубат егзистенцијата, а мал број олигарси од нивната партија ќе се збогатат“, вели ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека „устата на Радмила Шекеринска е полна со манипулации“.

Слични содржини