Во Австрија издадена уредба за постепено враќање на економијата

од Aleksandar Petrovski

Во Австрија од 14 април ќе бидат отворени продавниците за градежни и градинарски материјали, како и сите други продавници со максимална површина до 400 метри квадратни.

Тоа е предвидено со уредба издадена од министерот за здравство Рудолф Аншобер, која се однесува на постепено повторно придвижување на економијата, односно отворање на продавниците кои беа затворени поради рестриктивни мерки во борбата против коронавирусот.

Според таа уредба, продавниците ќе работат од 07:40 до 19 часот.

Трговските центри ќе останат затворени до мај, како што беше претходно најавено во планот за постепено враќање во нормала.

Слични содржини