Во блиска иднина Мбапе нема да биде во ПСЖ, потврди Енрике

од Vladimir Zorba

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике повторно навести дека Килијан Мбапе ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Неодамна беше објавено дека светскиот шампион веќе ја известил управата на клубот дека на лето ќе си замине како слободен играч.

„За жал, Мбапе нема да биде тука во блиска иднина, па мораме да пробаме други играчи“, изјави тренерот по победата од 2:1 над Реал Сосиедад во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Во Сан Себастијан, францускиот интернационалец ги постигна двата гола.

„Веќе го знаете моето мислење за него. Мбапе е најдобар во светот. Тој ќе постигне 50 гола и ќе асистира уште 25 во кој било тим под кој било тренер“, изјави Луис Енрике за „Канал плус“.

Слични содржини