Во Франција без субвенции за купување кинески електрични автомобили

од Vladimir Zorba

Франција е една од првите земји во Европа која ги сметаше кинеските електрични автомобили за опасност за европската индустрија, а особено за француските производители. Сега Владата презеде акција и одобри ново правило за субвенционирање за набавка на електрични автомобили, кои досега беа отворени за сите марки, но отсега ќе бидат воведени рестрикции.

Нема веќе субвенции за кинеските електрични автомобили, односно возила произведени надвор од Европа, а пронајден е интересен начин да се прикрие целата приказна, односно да не се делува како протекционизам, пишува „HAK“.

Со цел да се избегне директна дискриминација на кинеските марки, Франција одлучи својата помош да ја заснова на еколошкиот отпечаток на автомобилот, од неговото производство до застапништвото, а не само на емисиите на CO2 кога автомобилот се вози. Ова ново правило ќе стапи на сила во јануари 2024 година.

Досега се доделуваше субвенција за купување од 5.000 евра (до 7.000 евра за домаќинства со ниски приходи) без оглед на отпечатокот на CO2 на возилото во текот на неговиот животен циклус, но неговите еколошки перформанси сега ќе бидат тестирани.

Во пракса, на секој модел што се продава во Франција ќе му се додели еколошка оцена, што ќе го направи подобен за бонусот или не. Овој резултат ќе се пресметува врз основа на влијанието врз животната средина на секоја фаза пред нејзината употреба на патот. Ќе се земат предвид материјалите што се користат во производството (челик, алуминиум итн.), како и влијанието врз животната средина на склопот (потрошувачка на енергија и енергетска мешавина, на пример) и батеријата (тежина, транспорт, потрошувачка на енергија). Ќе се испита и логистиката, односно од каде доаѓаат батериите и самиот автомобил.

Затоа, автомобил произведен во Кина или Тексас нема да биде подобен за поддршка за купување, бидејќи емисиите би вклучиле и транспорт. Оваа мерка ќе вклучи и некои од возилата на Tesla, како што се Model S или X, кои не се произведуваат во Европа.

Да потсетиме, Франција нема проблем со овој потег и гневот на Кина бидејќи француските производители на автомобили речиси и да ги нема на кинескиот пазар… Без субвенции, кинеските автомобили нема да бидат конкурентни, а нема да бидат ни некои Tesla возила.

Слични содржини