Во Јужна Кореја ја забрануваат употребата на кучешко месо во исхраната

од Stefanija Kuzmanovska

Се очекува парламентот на Јужна Кореја денеска да гласа за закон со кој постепено ќе се укине конзумацијата и продажбата на кучешко месо.

Јадењето кучешко месо порано беше вообичаено во Јужна Кореја, но денес тоа е ретко и ограничено на некои постари луѓе, наведе „Ројтерс“.

Поддршката за забраната за кучешко месо се зголеми за време на мандатот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, кој вдоми голем број кучиња и мачки.

Предлог-законот, претставен од владејачката партија, вчера беше усвоен од собраниската комисија за земјоделство, пред денешното гласање во собранието, кое има 300 пратеници.

Доколку биде усвоен, законот ќе стапи на сила за три години, давајќи им време на земјоделците и сопствениците на ресторани да најдат алтернативни извори на приходи.

Одгледувачите и продавачите рекоа дека забраната ќе влијае на 3.500 фарми за одгледување на 1,5 милиони кучиња, како и на 3.000 ресторани.

Прекршувањето на законот би се казнувало со затвор до три години или парична казна од 22.900 долари.

Слични содржини