Во март 2022 започнува изградбата на железничката пруга кон Бугарија

од Nikola Popovski

Отпочнувањето на работите е проценето да биде следната пролет, поточно март месец, вели директорот на Македонски железници, Хари Локвенец за изградбата на пругата кон Бугарија.

Тој информира дека следниот месец започнува постапката на поднесување на документацијата во тендерската постапка.

-До крајот на годината ќе имаме избран изведувач. Три години е рокот на изведба на првите две делници. 8 компании се пријавиле. Со овој пример ќе го промениме мислењето на нашата држава поврзана со неефективното градење на инфраструктурните проекти, додава Локвенец и потенцира дека во 2027 година треба да имаме првична размена на граѓани и роба со Бугарија преку пругата.

Слични содржини