Во очекувања на „групите на смртта“ во ЛШ: Гигантите се плашат од Аталанта, Салцбург и Лајпциг

од Vladimir Zorba

После квалификациите за Лигата на шампионите, конечно се познати сите учесници во групната фаза, кои се чини ќе бидат спектакуларни оваа сезона, судејќи според распоредот на шеширите.

По ждрепката во Женева, каде што започнува церемонијата во 17 часот, каде ќе бидат доделени наградите за најдобрите за претходната сезона, ќе дознаеме и какви ќе бидат групите.

Но, веќе сега, може да се насети дека не чека вистински спектакл.

Првиот и вториот шешир се полни со моќни тимови и нема сомнеж дека сигурно ќе има вкрстување меѓу великаните.

Баерн, Реал Мадрид, Ливерпул, Јувентус, ПСЖ, Севиља, Порто и Зенит се носители, а можни ривали од другиот шешир се Барселона, Атлетико, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челси, Дортмунд, Ајакс, Шахтјор.

Сепак, ривалот од третиот шешир ќе го даде вистинскиот карактер на групата, бидејќи од третиот шешир ќе зависи од противникот дали група ќе биде „група на смртта“ или не.

Така што, оние што ќе ги добијат за ривали Интер, Аталанта, Лајпциг и Салцбург, ќе имаат пеколно тешка задача да ја минат групата. Тука се и Динамо Киев, Олимпијакос, Лацио и Краснодар, кои се сериозни тимови, но во моментов се попосакувани ривали од Интер, Аталанта, Лајпциг и Салцбург.

Четвртиот шешир сепак нуди многу послаби ривали, каде што Марсеј се истакнува како најсериозно име. Тука се и Локомотив Москва, Бриж, Менхенгладбах, Башакшехир, Митјиланд, Рен и Ференцварош.

Токму Митјиланд се покажа како најсериозен тим во квалификациите, затоа што тие убедливо ги минаа сите препреки. Тие исто така може да бидат потенцијална „бомба“ за одредени екипи и веројатно ќе ја зголемат ефикасноста во групата во која ќе бидат.

Пред ждрепката за Лигата на шампионите, исто така можете да си „поиграте“ и да ја формирате групата што најмногу би сакале да ја видите:

Некои од најинтересните примери би биле:

Потенцијални „групи на смрт“:

Баерн, Барселона / Манчестер Сити, Интер / Аталанта / Лајпциг, Марсеј;
Ливерпул, Барселона, Интер / Аталанта / Лајпциг, Марсеј
Јувентус, Барселона, Лајпциг, Марсеј
ПСЖ, Барселона / Манчестер Сити, Аталанта, Менхенгладбах
Реал Мадрид, Манчестер Сити, Интер, Марсеј

Најефикасни групи:

Ливерпул, Ајакс / Дортмунд, Аталанта / Салцбург, Митјиланд
Баерн, Манчестер Сити, Аталанта / Салцбург, Митјиланд
ПСЖ, Манчестер Сити / Дортмунд / Ајакс, Аталанта / Салцбург, Митјиланд

Слични содржини