Во ова место куќите се продаваат за едно евро: Во него не е забележана корона (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Во еден мал град на југот на Италија, чии жители велат дека се работи за „ковид фри село“, куќите чинат еден долар.

Чинквефронди, место во регионот на Калабрија, нуди куќи за едно евро за да ги охрабри луѓето да се доселат и да им помогнат да ја вратат својата стара слава.

Градоначалникот Микеле Конија започна „Операција убавина“, проект чија цел е да се запре емиграцијата на младите луѓе во потрага по работа, јавува Си-Ен-Ен.

„Пронаоѓањето нови сопственици кои би купиле една од многуте напуштени куќи е клучен дел од` „Операцијата убавина“ што ја започнав за да ги обновам запоставените делови на нашето место”, рече Конија, кој пораснал во Германија и се вратил во Италија за да ја сочува земја на своите предци.

Идејата е дека ефтиниот имот и убавото опкружување ќе ги привлечат луѓе кои ќе вдишат нов живот на ова место кое е опкружено со ридови, помеѓу две топли мориња, тече река во близина, а до плажата може да се стигне со автомобил за 15 минути.
„Иако оваа област е преубава, моето место е запоставено, многу куќи се празни и наскоро ќе бидат срушени“, рече Конија.

И, додека многу градови во Италија, кои исто така продаваат куќи за едно евро, бараат депозит до 5.000 евра, што купувачот го губи доколку не успее да ја реновира куќата во рок од три години, Чинквефронди бара само годишна такса за осигурување од 250 евра до завршување на работите.

„Ние само бараме само некое осигурување откако купувачот ќе ја преземе куќата. Трошоците за реновирање тука се од 10.000 до 20.000 евра, со оглед дека куќите се претежно мали”, рече градоначалникот.

Чинквефронди немал случаи на коронавирус за време на пандемијата и се наоѓа во регионот каде што е најмал бројот на заразени лица во Италија.

Слични содржини