Во Северна Кореја, сепак, има заразени со КОВИД-19

од Vladimir Zorba

Преку јавни соопштенија, севернокорејските власти го известија локалното население дека случаи на коронавирус се потврдени во земјата на крајот на март.

Сепак, ова е во спротивност со официјалните тврдења на Пјонгјанг дека нема потврдени случаи.

Цитирајќи го извештајот на Радио Слободна Азија синоќа, Ројтерс објави дека додека се обраќале на организации и групи одговорни за законот и редот во населбите, соопштено е дека пациентите со коронавирус биле присутни во провинциите Пјонгјанг и Јужен Хванг и Северен Хамџонг, но не го навеле нивниот број.

Претходно, властите во Пјонгјанг ги засилија граничните контроли и воведоа задолжителен 30-дневна карантин за сите странски државјани кои доаѓаат од земји со потврдени случаи на коронавирус, а десетици странски дипломати беа евакуирани од Северна Кореја на почетокот на март, како резултат на епидемијата, потсетува агенцијата.

Слични содржини