Војна или компромис? Украина длабоко поделена

од Stefanija Kuzmanovska

Според резултатите од истражувањето, 44 отсто од испитаниците во Украина изјавиле дека е важно да се бара компромис во преговорите со Русија и дека во тој процес треба да се вклучат и други земји.

Во исто време, 48 отсто од анкетираните се спротивставија на какви било преговори со Москва и инсистираа на продолжување на непријателствата додека Киев не ја врати целосната контрола врз териториите кои ги изгуби.

Резултатите укажуваат на значителен пад на бројот на Украинци кои поддржуваат продолжување на борбите со Москва. Во слични анкети спроведени во јули и февруари, само 35 отсто од испитаниците ги поддржале преговорите, додека 60 отсто биле за продолжување на конфликтот.

Во последното истражување, компромисот најмногу го поддржале луѓе на возраст од 18 до 35 години од источниот дел на Украина. Повеќето од оние кои го поддржаа продолжувањето на борбите беа на возраст од 36 до 50 години и живеат во западната половина на земјата.

Слична анкета цитирана од „Блумберг“ минатиот месец, исто така, покажа дека помалку Украинци веруваат дека територијалните отстапки кон Русија се неизбежни во замена за мир.

Резултатите од истражувањето доаѓаат откако контраофанзивата на Киев не резултираше со значителни територијални придобивки. Според последните проценки што ги презентираше рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, на почетокот на декември кампањата ја чинеше Украина над 125.000 војници и повеќе од 16.000 единици тешко вооружување.

Во Киев се зголеми и загриженоста дека финансиската и воената поддршка од западните поддржувачи наскоро би можела да престане.

И покрај овие фактори, украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистираше на тоа дека Киев нема да прифати никаков компромис со Русија и ќе ја продолжи борбата додека не ги преземе сите територии во границите од 1991 година. Тој, исто така, законски ги забрани преговорите со Москва додека Владимир Путин е на власт.

Слични содржини