Воз удри во комбе во Велес, најмалку десет повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку десетмина патници се повредени во железничка несреќа што се случи денеска на пладне кај фабриката Порцеланка во Велес.

Според информациите, до судирот дошло кога воз удрил во такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка.

Во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Слични содржини