(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Страшна снимка од израелските улици и згради

од Берта Китинска

Едно видео покажува дека израелската полиција се обидува да упадне во станот на израелски Арапи (Палестинци), додека станарите се обидуваат да се одбранат од напаѓачите и некако успеваат да ја затворат вратата, а на патот добиваат удари со палки и пушки на главите.

Во станот децата врескаат и плачат заради сцената што се случува пред нив. Целата драма се одвива во градот Хаифа во северен Израел.

 

 

На второто видео, можете да видите како еден возач преку мегафон им рекол на насобраната толпа дека е Евреин, за да не го напаѓаат, линчуваат, па можеби дури и да го убијат.

Третото видео го прикажува истиот возач, но религиозен фанатик, конзервативен Евреин кој ги повикува другите групи собрани на улиците да ги нападнат Арапите: „Дајте ми ги адресите на Арапите во Нетанја“, вели тој пред звучникот.

Слични содржини