ВРТОГЛАВА ЦИФРА: Откриено колку милиони дневно троши Израел на конфликтот во Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич вчера во гостување на воено радио изјави дека државниот буџет за периодот 2023-2024 година „повеќе не е релевантен“ поради конфликтот во Газа и дека ќе биде изменет.

Министерот Смотрич не звучел вознемирено што S&P Global го намали рејтингот на Израел од „стабилен“ на „негативен“, пишува „Ројтерс“. Тој проценил дека Израел дневно троши околу една милијарда шекели за конфликтот во Газа, што е сума од 246 милиони долари.

Министерот за финансии на Израел рече дека сè уште нема проценка за индиректните трошоци за економијата, која е делумно парализирана од масовната мобилизација на воените резервисти и баражот ракети истрелани од палестинска страна.

„Не предвидувам големи дефицити за Израел и покрај кризата“

Смотрич го опиша прегледот на S&P објавен во вторникот како „алармантен“, но рече дека не предвидува големи израелски дефицити и покрај кризата.

Тој го пофали гувернерот на Банката на Израел, Амир Јарон, кој требаше да поднесе оставка, но поради кризата му беше продолжен мандатот, бидејќи „функционира пред се“. Но, Смотрич не го интересира дали Јарон треба формално да остане на функцијата.

„Немаме време да дишеме, па затоа сега не се занимаваме со ова прашање“, рекол израелскиот министер, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини