Второто дете на Ким Кардашијан и сопругот Кание Вест ќе биде момче . Ова го откри самата риалити ѕвезда, издавајќи соопштение во својот профил на Twitter, упатено кон саканиот маж. Тоа гласеше: “Ти си толку добар татко на Норт и ќе бидеш најдобар тато и на нашиот нов син, исто така” .21d5197600e4788300e2080bf3867539

Ким која има 2-годишна ќерка заедно со Кание, не престана со пишување на адреса на својот сопруг, па напиша уште една порака до него по повод Денот на таткото.“Јас сум толку среќна што сум мажена за човек кој е заљубен во својата ќерка, вашата врска е незаменлива! Ти благодарам за тоа што си толку добар татко! Ние те сакаме и тие го цениме многу! Благословени сме да те имаме “ .

Претходно овој месец се појавија гласини дека Ким и Кание очекуваат близнаци. Риалити ѕвездата сепак ги негираше овие гласини, нарекувајќи ги “апсурдни”. Малку потоа дури се зборуваше дека двајцата ќе станат родители преку сурогат мајка, што исто така беше демантирано.

Слични содржини