Вујко извршил полов напад врз неговата внука

од Nikola Popovski

Уапсен 56-годишен маж од пехчевско, осомничен дека извршил полов напад врз неговата внука, известуваат од МВР.

Од Министерството велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.

-На 29.07.2025 во 19.05 часот полициски службеници го лишиле од слобода У.К.(56) од пехчевско поради постоење основи на сомнение дека извршил полов напад врз неговата внука. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопштија од полицијата.

Слични содржини