Заев: Датумот за избори може да се утврди до крајот на неделава

од Nikola Popovski

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во интервју за ТВ Стар изјави СДСМ сака договор за можниот датум за изборите, но нема да дозволи штета на државата и граѓаните и додаде дека води грижа за сите аспекти – здравјето на граѓаните, функционалноста на институциите, како и заштитата на демократските права преку контрола на Владата.

„Теоретски можеме да се договориме додека трае вонредната состојба. Треба до крајот на оваа седмица или на почетокот на наредната недела евентуално да се утврди, датумот. Ако чекаме до 30 мај е доцна. Мора да водиме грижа и за сите други аспекти. Јас стојам на располагање, сакаме да разговараме, но притоа не смееме да и нанесеме штета на државата и да ја доведеме земјата во уставна криза“, додаде Заев.

Тој нагласи дека Комисијата за заразни болести јасно укажува дека периодот по завршувањето на рестриктивните мерки е најбезбедно да се спроведат изборите за здравјето на граѓаните. Претседателот Заев ги посочи и препораките на СЗО дека се очекува нов бран од вирусот и дека овој период, вклучително и есента, треба да се искористи за подготовки за новиот бран. Тоа потврдува дека и од здравствен аспект најбезбедно е да се оди на избори пред летото.

Слични содржини