Заев: Европа е кабаетлија ни должи многу

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев вели дека испорачавме сѐ и дека  навистина заслужуваме да влеземе во ЕУ.

-Во делот на решавање на проблем со Бугарија секој пат ни се добродојдени пријатели и ова е билатерален спор. Вчера разговарав со бугарскиот премиер и беше навистина пријатен самиот разговор. Она кое што е истовремено значајно е тоа што  е Европа е кабаетлија ни должи многу ,16 ипол години направивме како чекаме пред врата на ЕУ. Што и да е многу е ние испорачавме се нема дилеми. Одржавме лекции за целиот европски континент, вели Заев.

Премиерот изјави дека не сака да го коментира односот меѓу Бугарија и Хрватска велејќи дека нашата земја е голем пријател со двете држави и дека се надева дека тие заедно ќе изнајдат решение.

Слични содржини