Заев: Нам ни треба историја која гради мост на пријателство, преку глава ни е од истории кои создаваат раздор

од Берта Китинска

Фашизмот не е поглед кон иднинта прашањето е дали ги употребуваме вистинските збороив за да градиме пријателство.Историјата треба да не учи дека можеме и поинаку, дека можеме и подобро, дека треба да соработуваме, но и меѓусебно да ги почитуваме разликите помеѓу нас, изјави премиерот Зоран Заев.

Заев нагласи дека македонската државност се темели на антифашизмот, но дека на фашистичката идеологија не треба да и се припишуваат етнички карактеристики.

„Само со почитување на разликите и заедничка борба против говорот на омраза и нетолеранција во македонското и бугарското општество можеме да градиме добрососедски односи и заедничка иднина.Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да градиме заедничка иднина. Нам ни треба историја која гради мост на пријателство меѓу народите, преку глава ни е од истории кои создаваат раздор и поттикнуваат нетрпеливост.Дајте да живееме денеска. Време е да создаваме историја која создава иднина за младите и за идните генерации“, изјaви Заев.

Слични содржини