Заев: Нема да не обесхрабри мене и Владата, лажниот патриотизам на ВМРО ДПМНЕ

Како лажен патриотизам, премиерот Зоран Заев ги посочи потезите на ВМРО ДПМНЕ од овие изминати денови.

„Сето она што го прават овие денови е живогребност за доаѓање на власт и ништо друго. Наводна борба да се заштити македонскиот идентитет и македонскиот јазик кои, нели by the way, ги изгубивме со Преспанскиот договор, што само по себе потврдува дека не е точно и е лажен патриотизам и асполутно е на штета на државата“, посочи Заев.

Како што вели тој, тоа нема да ја обесхрабри Владата да продолжи да гради пријателство и да чекори на патот кон Европската унија што го очекуваат граѓаните.

„Ќе бидеме трпеливи, мудри и ќе водиме грижа за севкупните национални интереси и веруваме дека час поскоро ќе успееме да ги отвараме поглавјата“, рече Заев.

Слични содржини