Заев: Очекувам масовно прифаќање на вакцините

Во рамки на почетокот на изградбата на градскиот пазар во Делчево, премиерот Зоран Заев меѓу другото се осврна и на вакцините од Астра Зенека, но и целиот процес на имунизација кој следува во земјава.

„Синоќа беше потврдена информацијата за пристигнувањето на вакцините од Астра Зенека и со тоа ќе ја започнеме масовната имунизација во земјава. Бидејќи се прима само една доза, со оваа пратка ќе бидат опфатени 24.000 граѓани кои ќе бидат вакцинирани. Јас очекувам масовно прифаќање на вакцините од граѓаните,Земјите од ЕУ почнаа пред нас, и можевме да согледаме предности и слабости. Апелирам за почитување на мерките и верувам дека ќе ја надминеме оваа здравствена криза“, истакна Заев.

Слични содржини