Заев од Гостивар: Нема да дозволиме повторно да го раскараат народот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Гостивар е огледало на нашата мултиеничка држава. Од Гостивар, од градот на соживотот, на соработката, со гордост можам да кажам дека ние од СДСМ не гледате, не има и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи…но тоа не е случај со нашиот политички опонент. Ние како социјалдемократи го воспоставивме принципот на едно општество за сите и тоа го градиме, еднаквоста и рамноправноста но тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ кои постојано зборуваат за чисти држави, се служат со лаги и лицемерие, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прв пат“ во Гостивар.

„Ние сме мултиетничка земја отсекогаш и никој не смее да не дели. Народот е изморен од делби и поделби. Нема да дозволиме повторно да го раскараат народот. Може да имаме различни националности и вери но ова е наша заедничка земја. Со концептот едно општестви ги отворивме сите прашања на предрасуди, а денес зборуваме за меѓучовечки односи, си помагаме едни со други и тоа треба да продолжиме да го правиме. Да не дозвoлиме на луѓе кои се лицмерни и подваат рака само ако се работи за власт повторно да внесуваат поделби, на 12 април заедно да потврдиме, продолжуваме на прав пат, рече Заев.

Слични содржини