Заев: Покрај приведувањето на дел од осомничените лица, „Телеграм“ ја затвори групата „Јавна соба“

од Берта Китинска

„Имаме мал но значаен успех, покрај приведувањето на дел од осомничените лица. Телеграм конечно презеде чекор и ја затвори групата „Јавна соба“. Апелирам да останеме сите будни и одговорни, имаме уште многу заедничка работа во искоренувањето на ова зло“, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи, откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална го известила дека групата „Јавна соба“ е затворена.

-Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група. Сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат, напиша Спасовски.

Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ме информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена.

Го…

Posted by Oliver Spasovski on Thursday, 28 January 2021

Слични содржини