Заев во Брисел, работните преговарачки групи на маса

од desk3

Работните преговарачки групи и денеска на маса.  Неофицијално брзаат со преговорите да стигнат до петок. Ваква разрешница  најави и мандатарот Заев пред да замине на вечера кај Могерини.Во преговарачките тимови за јавноста и денеска не ги откриваат своите желби и очекувања. Во ДР-ДПА велат дека  ќе одлучува тесното раководството на оваа партија. И во БЕСА истата реторика. Во ДУИ работите стануваат по јасни.  Претседателот Али Ахмети, по средбите со потпретседателите и претседателите на партиските ограноци изјави дека со СДСМ не остана ниту едно отворено прашање за владината програма. Новитет во идниот владин кабинет е тоа што со здравството ќе раководи кадар од албанска партија.

„Имињата кои кружат во јавноста, се шпекулација, ве уверувам дека нема конкретни имиња. За распределбата на ресорите се согласивме дека како Албанци сме во подобра положба. Како е познато, имаме претседател на Собранието и ќе бидат предводени ресорите кои досега ги предводеше ДУИ. Има промена кај Министерството за образование и Министерството за здравство. Сѐ уште нема конкретно име, сѐ уште сме во фаза на консултации. Ќе се обидеме да направиме најприфатлив и најдобар избор“, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во претходниот мандат, вицепремиери беа Фатмир Бесими и Муса Џафери. Најспоменувани имиња за овие функции во идниот владин кабинет се Теута Арифи и Изет Меџити, но по вчерашната средба, Ахмети рече дека ова е шпекулација. Кадри од ДУИ ќе раководат со Министерството за екологија, локална самоуправа, економија, правда и образование.

 

Слични содржини