Захарова: Хуманитарната помош за Венецуела е исценирана провокација

од desk2

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Русија смета дека планот за доставување хуманитарна помош на Венецуела е исценирана провокација.

– Ако станува збор за желба да им се помогне на луѓето со хуманитарна помош, тогаш е рационално да се праша зошто не се одмрзнат сметките на венецуелските компании во американските банки вредни 11 милијарди долари или да се вклучат специјализирани агенции на ОН кои имаат непроценливо искуство во таквите операции, наместо лицемерни обиди да се достави помош во вредност од неколку стотици долари, порача Захарова.

Москва го поддржува претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и не го признава Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател во јануари, по изборите во земјата.

Слични содржини