Започна конфликтот меѓу руската војска и „Вагнер“? Се шират снимки од нападот на колоната платеници

од Vladimir Zorba

На социјалните мрежи се шират снимки кои наводно покажуваат напади на руската авијација врз конвојот на „Вагнер“ кој се движи кон Москва.

Се верува дека со тоа започнале конфликтите во регионот Воронеж меѓу војската и „Вагнер“.

Потсетуваме, Колона наводно се наоѓа на М-4. Гувернерот на регионот Липецк во централна Русија изјави дека автопатот М-4 што ја поврзува Москва со јужните региони е затворен за сообраќај на границата со регионот Воронеж, околу 400 километри јужно од главниот град на Русија, пренесува Ројтерс.

Слични содржини