Започна трилатералната средба на Чавушоглу, Лавров и Кулеба (ВИДЕО)

од Milan1

Нешто по 9 часот во Анталија започна трилатералната средба на министрите за надворешни работи на Украина, Русија и Турција. Се очекува да се постигне договор за примирје и прекин на специјалната операција на руската армија во Украина.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу најпрвин се сретна со својот украински колега Дмитриј Кулеба, кого го пречека срдечно.

Чавушоглу по средбата со него се сретна и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но тој имаше нешто поладен поздрав со него.

Како што може да се види на видеото на почетокот, Чавушоглу го прегрна Кулеба, а никој од нив не носеше маска за лице.


Од друга страна, тој се ракуваше со Лавров и во таа прилика имаше маска на лицето. Русинот овој пат помина без прегратка.

По одвоени средби почна трилатералната средба на Чавушоглу, Лавров и Кулеба од која се очекува многу.

Слични содржини