Застрашувачка СНИМКА од напаѓачот од Копенхаген: Шетал низ трговскиот центар со пушка

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се појави застрашувачка снимка од вооружен маж кој шета низ трговски центар во Копенхаген со пушка закачена на рамо, пред да отвори оган врз минувачите и да убие три лица.

Полицијата соопшти дека меѓу убиените има маж на 40-годишна возраст и двајца помлади, додека 22-годишен Данец е уапсен. Инспекторите рекоа дека напаѓачот дејствувал сам, а нема индиции дека станува збор за терористички акт.

Полицијата одби да го коментира идентитетот на напаѓачот, освен да ја потврди неговата националност и возраст, што е во согласност со данскиот закон. Сепак, некои медиуми јавуваат дека напаѓачот неодамна на Јутјуб објавил неколку видеа со наслов „Не ми е гајле“ и на кои држи оружје.

Некои сугерираат дека пушката на снимката е истата онаа што ја користел за да ги убива луѓето во трговскиот центар, но тоа не е официјално потврдено.

На видео кое кружи на интернет, може да се види како човек со пушка на рамо шета низ трговскиот центар, а потоа во еден момент почнува да трча во друга насока, пишува Daily Mail.

Откако убил три лица, полицијата успеала да го уапси.

На местото на настанот пристигнал голем број полицајци, а очевидци велат дека другите муштерии се криеле во продавниците за да не бидат застрелани.

Слични содржини