Затвореник се обидел да внесе хероин во ќелија

од Nikola Popovski

Поднесена е кривична пријава против Ф.З.(30) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 04.09.2021 пријавениот, кој издржувал казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Штип, извршувајќи работни задачи надвор од затворот, набавил хероин и се обидел да го внесе во затворот, но не успеал затоа што при влез бил пронајден и одземен од затворските службеници.

Слични содржини