Здрав чипс од тиквички

од Stefanija Kuzmanovska

Подгответе поздрава варијанта на вашиот омилен чипс.

Состојки:

– 1 голема тиквичка

– 50 гр сусам

– 100 гр пченкарно брашно или презла

– малку млеко

– сол – малку лук во прав, слатка или лута пиперка во прав

– малку рендан кашкавал

– масло

Подготовка:

Исечете ги тиквичките на тенки прстени. Посолете ги прстените од тиквички и оставете ги да отстојат во солта 30 минути.

Измешајте ги сите суви состојки.

Истурете малку млеко во сад. Секој прстен потопете го во млеко, па валкајте го во сувата смеса од состојки. Притиснете за добро да се залепи.

Потоа прстените ставете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Ако сакате, полијте со малку масло.

Печете 10 минути на 200 степени. Свртете на другата страна и печете уште 10 минути додека не поруменат.

Слични содржини