Земјотрес од 5,6 степени според Рихтер регистриран во близина на брегот на Тонга

од Radmila Tasevska

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на брегот на Тонга, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 177 километри североисточно од главниот град на Тонга, Нукуалофа, каде живеат 22.000 луѓе, на длабочина од 10 километри.

Нема информации за жртви или причинета материјална штета.

Слични содржини