Земјотрес почувствуван во Виница

од Берта Китинска

Синоќа во 00 часот и 21 минути, регистриран е земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 100 km источно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово.

Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML2.4, а бил почувствуван од населението на Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Слични содржини