Земјотресот во Италија без жртви

од desk3

Неколку десетици лица добиле медицинска помош вчера по силните потреси во централна Италија, но засега нема податоци за тешко повредени, соопшти началникот на цивилна заштита Фабрицио Курчио, цитиран од агенциите.

zx450y250_2851589

“На крајот ситуацијата не е толку катастрофална како што мислевме на почетокот”, со оглед на интензитет на потресите, рече тој на прес-конференција во Риети. “Неколку повредени и многу паника”.

Неколку повредени биле пренесени со амбулантни возила во итни оддели на болници во регионот и неколку десетици луѓе отишле сами да побараат лекарска помош поради повреди или слошување.

“Сакам да им се заблагодарам на оние кои работат во дождот во погодените од земјотресот зони. Цела Италија ги прегрнува силно луѓето кои повторно настрадаа”, напиша вечерта на “Твитер”, италијанскиот премиер Матео Рензо.

Слични содржини