Зошто петтиот и десеттиот ден се најважни за лицата кои имаат ковид-19?

од Stefanija Kuzmanovska

Списокот на симптоми на ковид-19 е прилично долг, но луѓето кои имаат типични симптоми се разболуваат во првите неколку дена од почетокот на инфекцијата. Првичните денови на инфекција можат да бидат збунувачки, особено затоа што некои имаат само благи симптоми, а некои воопшто не покажуваат никакви симптоми. Сепак, само помеѓу петтиот и десеттиот ден од инфекцијата може да се утврди вистинската тежина на болеста.

Експертите велат дека токму во овој период може да се утврди дали пациентот ќе доживее компликации како резултат на ковид-19. Кога ќе се открие ковид кај некоја личност, една од првите работи што треба да се направи е да се бараат симптоми и бројот на денови кога лицето имало симптоми.

Се претпоставува дека повеќето луѓе почнуваат да развиваат симптоми 2-3 дена по инкубирање на вирусот во телото. Првата фаза е обично вирусна реакција, а во втората фаза имунолошкиот систем  започнува акција. Иако имунолошкиот систем произведува антитела, може да има прекумерна стимулација на системот и влошување на состојбата кај пациентот, а тоа обично се случува околу шестиот или седмиот ден од инфекцијата. Тоа е времето кога вистинската битка против ковидот започнува кај многу луѓе. Помеѓу петтиот и десеттиот ден, може да дојде до „втор бран“ на симптоми кои може да биде посериозни.

Колку долго трае опоравувањето?

Кај повеќето луѓе, закрепнувањето трае околу една недела или десет дена. По овој период, симптомите почнуваат да исчезнуваат и лицето почнува да се опоравува. Ова е особено точно за луѓето кои имаат лесна или умерена форма на инфекција.

Меѓутоа, кај луѓе со потежок случај на ковид, проблемите можат да започнат помеѓу петтиот и десеттиот ден од инфекцијата. Лекарите наведуваат дека ваквите пациенти прво можат да почувствуваат подобрување, по што се јавува втор бран на симптоми. Експертите бараат од пациентите да ги пријават симптомите и здравствената состојба само една недела по дијагностицирањето, бидејќи само тогаш можат да проценат дали некое лице ќе има лесен или тежок случај на ковид.

Најголемите компликации и влошување на симптомите најчесто се јавуваат кај луѓе кои веќе имаат некои постоечки медицински состојби или се постари. Во некои случаи, помладите луѓе кои можат да доживеат компликации може да забележат влошување на симптомите по 12-14 дена.

Кои проблеми можат да се појават по една недела изолација?

Иако симптомите како што се болки во телото, замор, истоштеност и кашлица може да траат долго време, пациентите може да очекуваат влошување на респираторните симптоми – отежнато дишење, болка во градите, непријатност, тежина. Симптоми како конфузија и делириум исто така може да бидат присутни.

Исто така, треба да обрнете внимание на треската. Ако температурата не падне до 9-ти или 10-ти ден од инфекцијата, тоа може да укаже на пневмонија или инфекција на крвта.

Иако не секој пациент може да има ист развој на симптоми, важно е да го слушате сопственото тело и да ги преземете потребните чекори. Ако сте во домашна изолација, контактирајте го вашиот лекар кој ќе ви објасни кога е време да одите во болница и на што треба да обрнете внимание, пишува „Е-Тајмс“.

Слични содржини