Албанските вооружени сили остануваат во состојба на готовност, поради тешката ситуација со поплавите во неколку региони на земјата како последица на обилните дождови, пренесува весникот Albanian Daily News.

Околу 207 војници, хеликоптери, багери, чамци и генератори се лоцирани во различни делови на земјата за справување со поплавите.

Војниците им  помагаат на граѓани од градовите Фуша-Круја, Бурел и Скадар.