Алијансата за Албанците утре ќе одлучи дали останува во владата

од desk2

Алијансата на Албанците утре ќе одлучува дали излегува од владината колиција. Откако премиерот вчера во интервју на Телма јасно порача дека министерското столче е резервирано за Венко Филипче, партијата закажала централно собрание.

Предлозите за испразнетите места по локалните се веќе стигнати во парлементот, потенцираше Заев во интервјуто. Владата нема да ја преиспитува одлуката, иако тоа беше единствениот услов што го постави Алијансата за да остане во владината коалиција.

Ситуацијата не е безизлезна, порачуваат политичките аналитичари. Ги повикаа коалициските партнери во Владата заеднички да ги надминат недоразбирањата и да најдат компромис за како што велат, ваквите политичко решливи прашања. Алијасата нема аргументи да инсистира на Министерството за здравство и заради тоа да ја прекине соработката, смета Алберт Муслиу.

„Пораката ќе биде нејасна околу прашања кои не се нерешливи. Инсистирањето на едно министерство, без јавни аргументи, ние не знаеме што се случувало. Факт е дека прашањето за Министерството за здравство е затворено, но сепак претстојат сериозни работи во наредните шест месеци и се надевам дека двете страни ќе
изнајдат начин ова прашање да не биде причина соработката во колицијата да се наруши или тргне во непожелна насока“, вели аналитичарот Алберт Муслиу.

Според Муслиу, Заев оставил простор за надминување на ситуацијата. На потег е Алијансата. Нејзиното излегување од Владта нема многу да промени во одржување на мнозинството, но од политички и морален аспект треба да продолжи да ги спроведува реформите за кои ја добила поддршката од албанското гласачко тело.

Предлозите за испразнетите места по локалните се очекува пред пратениците да се најдат на почетокот на наредната недела. Предлог од Алијасата нема, откако последната средба Заев – Села заврши без договор. Запрашан дали излегуваат од Владата, Села тогаш излезе со саркастична изјава, велејќи дека предложил
Министерство за бурек, позиција која после ќе им ја отстапат на ДУИ. ОД унијата пак се на истиот став, дека парламентарното мнозинство е сатабилно со или без Алијасата./Телма

Слични содржини