Босилекот е крал на зачините поради лековитоста

од desk2

Босилекот често го нарекуваат крал на билките или кралска билка, а називот му потекнува од грчкото име „Basilikón phutón”, што значи кралска билка. Во светот постојаш повеќе од 50 сорти бсилек, а неговите својства навистина го сврстуваат на самиот врв на зачини кои треба да ги користите.


Најчест е слаткиот босилек, кој претежно се користи во медитеранскта кујна и во италијанската. Покран него постојат и тајландски, лимон и слатководен босилек, кои се користат во азиската кујна.

Босилекот задоволува неверојатни 175 отсто од дневните потреби на витаминот А и тоа во само 15 грама од свежа билка. Витаминот А е антиоксидант, а неопходен е за добар вид. Во босилекот има и витамин К, важен за силни и здрави коски.
Оваа едногодишна билка со плиток корен може да се одгледува од семе или да се пресади во градина, саксија или парцела. Му годи сонцето и тоа 6 до 8 часа дневно, како и влажна и богата земја.

Не сака претерано залевање и потребно е да се почека земјата да се исуши пред ново наводнување. Не сака студена вода. Земјиштето треба добро да го наѓубрите затоа што инаку ќе се изгуби неговото мирисно есенцијално масло.


Често обрежување ќе помогне за раст на билката и побогати листови, со што ќе спречите и цветање на растението. Ако и процвета не е страшно. Едноставно потсечете ја до половина затоа што босилекот може тоа да го поднесе.

Оваа зачинска билка може да се користи свежа или со исушени лисја, а му дава вкус на јадењето, го подобрува варењето на храната и ја чува од расипување.

Покрај намената во кујната се користи и како антисептик во борба против паразитерни заболувања, за смирување на напнатоста, стомачни грчеви, воспаление на бубрезите и смирување на симптомите на астма.

Слични содржини