Бред Пит е противник на Трамп и Брегзит

од Vladimir Zorba

Бред Пит за првпат го коментира односот кон кандидат-претседателот на САД – Доналд Трамп, како и кон неодамнешниот Brexit на Велика Британија.022c053cf767f1de535f29150db31682-1

Сопругот на Анџелина Џоли позираше за нова сесија во списанието на весникот New York Times “T Magazine”.

“Никогаш не мислев дека Велика Британија ќе ја напушти Европската унија. На ист начин не можам да замислам дека Трамп може да стане претседател “, изјави Пит.

52-годишниот Бред, кој е роден во Оклахома, Јужен Мисури, каде што луѓето масовно го поддржуваат Трамп вели дека се обидува да ги разбере.

Фото: New York Times

“Изгледа дека Американците кои страдаат најмногу и немаат време за да гледаат CNN и Ал Џезира, бидејќи мислат само како да си ја платат киријата и да ги нахранат своите деца, се уморни од сè и гласот на Трамп им влијае. Трамп се бори против речиси сè, но како што вели дека ќе ни ја врати државата назад, тој не објаснува во каква насока точно планира да ја однесе. ”

Пит додава дека за него сè што ги обединува луѓето е добро, а сè што ги разединува за него е лошо, мислејќи Трамп и Brexit.

Фото: New York Times

Бред, кој е татко на шест деца, додава: “Кога работите во животот не ни одат во ред и не можеме да ја пронајдеме причината за тоа, ние едноставно почнуваме да создаваме непријатели.”

Фото: New York Times

Слични содржини