Четворица приведени за протекување информации за епизода од “Игра на престоли”

од Vladimir Zorba

Четворица приведени за протекување информации за епизода од “Игра на престоли”


Четири лица беа приведени во Индија во врска со протекувањето на една епизода од популарниот
серијал на Ејч-Би-О “Игра на престоли” пред прикажувањето во земјата.
Фантастичната средновековна  сага раскажува за борбите меѓу неколку семејства благородници за
освојувањето на “Железниот трон”.

Во последните недели тој стана предмет на бројни хакерски напади по најавите  на неговата седма сезона.

Во врска со поднесена жалба,   уапсени се четири лица за неовластено објавување на   епизоди од седмата сезона.   Тие се обвинети за проневера и хакирањето.

Според локалните медиуми уапсените биле вработени во компанијата одговорна за складирањето и дистрибуцијата на епизодите.

Уште минатата година беше најавено дека серијата ќе има осум сезони, а  последните две ќе бидат
соодветно со седум и шест епизоди.

Претпоследната  сезона се смета за еден од најмрачните и исполнети со насилство.

Гледачите сепак ја  сакаат и во САД публиката  надминува 23 милиони гледачи за секоја епизода.

Слични содржини