Десоросоизација

од Vladimir Zorba

Кога министерот за надворешни работи, Никола Попоски (или беше пратеник, не се сеќавам повеќе), го давал интервјуто за оној опскурен италијански весник со прилично македонско име (La Verita, „Вистина“), веројатно процесот на десоросоизацијата уште не бил започнат, па пратеникот вели, апелира, вика, напросто крикнува, Сорос да престане да ја дестабилизира Македонија.

Просто ми заличи на Зола и на неговото „Обвинувам“. Оваа споредба не е претерана. Не само затоа што и Драјфус и Сорос имаат еврејско потекло туку повеќе глобалниот импакт што го предизвика оваа објава на министерот-пратеник. Апелот веднаш го слушнаа нашинците од Њујорк и му се нацртаа на идниот претседател на САД Доналд Трамп пред онаа негова многукатна куќа. Претпоставувам дека, во духот на десоросоизациската традиција, му ја испеаја и онаа коледарско-вмровско-српска песна: „Излези Доналд на тераса, да ја видиш Гоцевата раса“.
Во секој случај, малку гласно, ама сепак љубезно го замолија милијардерот Трамп да ја спаси Македонија од милијардерот Сорос. Како може Трамп да се приклучи на општомакедонскиот тренд на десоросоизација? Јас знам дека и Трамп, како и големиот Македонец Аристотел, вели: „Мили ми се милијардите и позицијата, ама Македонија ми е помила“, ама навистина не знам какви спасувачки реквизити има во овој случај. Прво што ми паѓа на памет е со своите пари да ги истисне парите на Сорос од овде.
Тоа би одело отприлика вака – Се јавува Трамп на телефон во Институтот Отворено општество и прашува: „Колку ве плаќа вас Сорос? Пет милиони долари? Еве, од мене пет милиони и 50 центи, ама да се викате Институт Затворено општество“. И кај сите соросоиди настанува општа веселба. Истите пари плус кусур да се почести друштвото. А што преостане ќе оди во дневници за следната еднобојна револуција.
Колумната на Ѕвездан Георгиевски во целост прочитајте ја тука

Слични содржини