Џихадот влезе во новите наставни програми во Турција

од Vladimir Zorba

Новите студиски програми во Турција предвидуваат изучување на џихадот како дел од концептот на исламот.

Новите студиски програми во Турција предвидуваат изучување на џихадот како дел од концептот на исламот .На прес-конференција  во Анкара министерот за образование Исмет Јилмаз ја претстави ажурираната програма и истакна дека џихадот е елемент од религијата и е долг на Министерството,   да му обезбеди секому правото да го изучува во вистинска   опција. “Ние сме должни да ја исправиме погрешната перцепција, визија и учење. Тој постои во канонското право и во основата на верското знаење.

Нашиот Пророк  вели дека кога се враќаат од војна, тргнуваме од малиот џихад кон великиот. Големиот џихад значи да се грижиме за нашата заедница, за зголемувањето на благосостојбата нејзиното обезбедување на мир во општеството и поддршка за неговите потреби.

Најлесно е да војуваш, да правиш конфликти. Најтешко е да го гарантираш мирот, спокојството и развојот. Вистинското значење на џихадот е љубовта кон татковината. Сигурно имате прашање зошто воопшто ученици треба да го изучуваат концептот на џихадот.

Вистинското значење на џихадот е да ја сакаш државата , татковината, да работиш за национално единство и солидарност, и да им служиш на сите можни начини. Но само кога е потребно да ја  заштитиме татковината, нацијата и вредностите нејзини. Зошто имаме армија на војници, кои умираат во името на својата татковина, зошто даваме жртви-маченици?

Нашето министерство има за своја должност да изведе соодветна вежба за џихадот и тоа е една од нашите главни задачи “, изјави министерот за образование.

Според него нема никакво место за загриженост, напротив, ако тоа не било предлог на министерството, требало   такво нешто  да биде прифатено , “бидејќи не секој може да си вообрази дека кога ги затвори очите, е ноќ”. Подобро ли е нашите деца и младите, кога надвор слушнат да се зборува за џихад и пројават љубопитност, да паднат на грешни извори, запраша Јилмаз и истакна дека во часовите по религија тие ќе добијат знаење за вистинската концепт.

Понатаму, тој посочи дека искуството за државен удар од 15 јули минатата година исто така влегува во ажурирани наставни планови како историска победа на демократијата и националното единство и ќе биде поврзан со националната борба и со Ататурк.

На часовите по турски јазик и литература средношколците ќе пишуваат текстови за 15 јули, а  сами го избираат жанрот, за да раскажат еп, легенда, приказна за херојство, волја, патриотизам и саможртва.

Така со изучување на концептот за џихадот ќе се освои двојно, освен тоа во Куранот има стих за него и во средните верски училишта се свесни, ние секогаш треба да ги научиме нашите деца за вистината, за неговата рамка, да ги спречи погрешните сфаќања, прецизира министерот. Тој истакна дека 15 јули е дел од џихадот, раздвокување на правата и законитоста.

Слични содржини