Димитров: Бугарија ќе го прифати македонскиот јазик како посебен

од desk3

Бугарија ќе го прифати македонскиот јазик, вели министерот за надворешни, Никола Димитров по дводневниот престој во соседна Бугарија оваа недела. Ова денеска беше решено по средбата на Димитров со  норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренде.

Шефот на македонската дипломатија вели дека Договорот за добрососедство е составен врз основа на Декларацијата потпишана меѓу Скопје и Софија во 1999 година, а дека во истата во која се наведува македонскиот јазик.

Премиерот Зоран Заев најави дека тој и Бојко Борисов, премиерот на Бугарија, ќе го  потпишат Договорот за добрососедство со Бугарија во август кога се очекува Борисов да дојде на одбележувањето на македонскиот национален празник „Илинден“.

Слични содржини