Емануел Макрон е новиот претседател на Франција! Кој е Макрон?

од desk3

 

 

Макрон ја победи Ле Пен со 66,1 наспроти 34,5 проценти

Кој е Емануел Макрон?

Во 2004 година Емануел Макрон завршува на Националниот институт за администрација, а неговата кариера започнува во државните институции. Младиот финансиски инспектор во оваа сфера работи само четири години. Во 2008 година  добива  шанса да го покаже својот банкарски талент во Ротшилд & Џие (Rothschild & Cie). Во меѓувреме Макрон станува член на Социјалистичката партија. Во периодот 2006 – 2009 година  активно работи на идеи и предлози за предизборната кампања на актуелниот претседател Франсоа Оланд. Стекнатото искуство и флексибилноста на Макрон не остануваат незабележани и тој добива клуч пост во Елисејската палата – оној на заменик-секретар во 2012 година. Две години подоцна Макрон веќе е министер во втората влада на Мануел Валцер,  како одговорен за економијата, индустријата и дигитализација.

Економските и политичките кругови го издигнуваат Макрон  во фигура на државник, кој израснал многу брзо поради огромните предизвици со кои е втурната Франција, а и цела Европа. На 6 април 2016 година, враќајќи се симболично во родниот град Амиен, Макрон создава ЕN Marche ( “Ен Марш”) – политичко движење што не зазема ниту левичарски ниту десничарски позиции. Напротив, води  борба за секој потенцијален гласач.  Младиот тим околу Макрон работи напорно, проучувајќи ги изборните кампањи во светот. На новиот политичар наскоро му се наметнува клучно решение. Тој во телефонскиот разговор со Франсоа Оланд,  слуша дека францускиот претседател го напушта управувањето со државата. Па така започнува да ја реализира својата желба да застане на чело на Франција.

На патот кон  претседателската функција  Макрон влегува со голем ентузијазам. Така на 23 април Макрон успева да влезе во вториот круг со Марин Ле Пен.

За време на изборите  беа мобилизирани 50 000 полицајци, поддржани од 7.000 војници од антитерористичката операција “Сентинел” . Ова се првите избори во Франција, одржани  под висок степен на опасност, имајќи ги во прдвид терористичките напади на земјата.

Слични содржини