Ердоган и Павлопулос со различни ставови за Договорот од Лозана

од desk4

Договорот од Лозана не се применува во Западна Тракија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на денешната средба во Атина со шефот на грчката држава Прокопис Павлопулос.

Ердоган истакна дека одредбите во Договорот од Лозана се застарени и неопходно е да се преразгледаат, посочувајќи го прашањето за муслиманските жители во Западна Тракија, кои Атина ги именува како „муслиманско“, а Анкара како „турско малцинство“.

Павлопулос, од друга страна рече дека во Грција има „религиозно муслиманско малцинство“ и неговите права целосно се почитуваат. Тој истакна дека Договорот од Лозана е основата која го зајакнала пријателството меѓу двете земји.

Слични содржини