Ердоган разговарал со Ципрас во Кина

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарал со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Пекинг на маргините на самитот, чиј домаќин е Кина.

Турски медиуми ја оценуваат средбата Ердоган-Ципрас како една од најважните за Турција.

Ердоган на средбата барал од Ципрас Атина да ги екстрадира осуммината турски војници, кои избегаа во Грција по осуетениот обид за преврат во Турција и кои уште се наоѓаат таму.

Средбата се одржа во момент, кога односите меѓу Турција и Грција се затегнаа поради одбивањето на Грција да ги екстрадира турските војници. Меѓусебните нарушувања на морскиот и воздушниот простор на двете земји исто така ги влошија односите.

Слични содржини