Турција презема чекори за купување балистички ракети за да ги заштити своите граѓани. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој учествува на Глобалниот бизнис форум на Блумберг.
– Ги преземаме неопходните чекори, поврзани со балистички ракети. Нашите должности вклучуваат и заштита на 80 милиони Турци, рече Ердоган.
Турскиот шеф на државата вчера изјави дека, ќе продолжат преговорите на Анкара за купување на ракетен систем С-400 од Русија.
– Преговорите продолжуваат. Ако во Сирија, во наша близина, има ракетен систем С-400, јас ќе се заложам и ние да имаме C- 400, како и C-500. Ако не можам да купам оружје од НАТО, ќе најдам друг начин ЗА тоа, рече Ердоган.
Турскиот претседател соопшти на 12 септември дека Турција и платила на Русија депозит за купување руски ракетен систем С-400, и покрај противењата на сојузниците од НАТО.