„ЕУ за тебе“ утре во Гевгелија

од desk2

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, утре во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“ ќе ја посети Гевгелија каде што ќе се сретне со градоначалникот Иван Франгов и ќе присуствува на промоција на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во општина Гевгелија“.

Кампањата „ЕУ за тебе” има за цел да ја подигне свеста и да ја информира јавноста за помошта на ЕУ во земјата.

Прва тема на кампањата е животната средина при што се посетуват местата каде што ЕУ дава помош за борба против загадувањето и обезбедување на чиста животна средина за сите.

Целокупната помош на Европската Унија во областа на животната средина е повеќе од 80 милиони евра во рамките на ИПА 1 (2007-2013), додека натамошна поддршка од 100 милиони евра се планираат во рамки на ИПА 2.

„Подобрување на системот за водоснабдување во општина Гевгелија“ е проект кој има за цел подобрување на системот за водоснабдувањето, односно на квалитетот на водата за пиење во градовите Гевгелија и Богданци.

Благодарение на проектот, ќе се зачува здравјето на населението, ќе се подобри економијата на домаќинствата и ќе се унапреди локалната економијата, информираат од Делегацијата на ЕУ.

Целиот проект вклучува изградба на 4 бунари, пумпни станици, хлорирање на станици, водовод и резервоар за вода со капацитет од 1.000 метри кубни.

Вкупната вредност на проектот е 1,7 милиони евра, а грантот од ИПА обезбедува 17,5 отсто од вкупната вредност односно 260.000 евра.

Слични содржини