Фотографиите од Истанбул секогаш биле стереотипни – високи џамии, богато украсени палати, стари улици, пазари и приказите на Босфорот. Нема сомневање дека Отоманската империја оставила неизбришлив белег на силуетата на овој величествен мегаполис.d02759f148ab83233d509a65abbdfcdb

Има, меѓутоа, еден дел на Истанбул, кој е многу напреден и колоритен, а луѓето ретко го забележуваат.

32-годишниот архитект и фотограф Јенер Торун ја  документирал таа непознато димензија на овој славен град преку фотографии кои ги споделил на Инстаграм.

“Мојот основен мотив е да докажам дека има една поинаква и малку позната страна на Истанбул, која е многу далеку од ориенталните перцепции”, вели тој.

Сликите изгледаат малку поинаку и многу луѓе, кои инаку се долгогодишни жители на градот, не можат да поверуваат дека овие кадри се направени во Истанбул.

За да ја пополни својата фотоколекција, Торун обиколувал претежно низ индустриски зони на градот, како и кај новите станбени населби. Тој барал прави линии, живописни бои и модерно емитување.

56095ab609e86444b5e46b44acc71f6b 06229f7422eda6478f63b18c392d5510 450b02935cf1319a71e1c0739f11398f 01510c8e4cd8c156699956844d5bcf7a a3549994362d792f403816267c6bea7e c40b3b07ecfa024334fdda52a71cd629 3dbbfbd518985aee6113b26e58226df2 fd7db728fbcf75ee4a208efca89f8086 795c52f5dbc53dcadac74d1d019739b9 1d347099fcce8d9f7dc8374d4570034d

Слични содржини