Груевски: Борбата пред 123 години денес е борба за напредок и благосостојба

од desk3

Како што Македонската револуционерна организација ги обедини сите под бајракот на слободата, така и денес треба да останеме сплотени, да останеме решителни и одлучни да го чуваме делото на Татарчев, Груев, Поп Арсов, Хаџи-Николов, Димитров, Батанџиев, но и на плејадата знајни и незнајни херои од борбата за слободна Македонија, се вели во честитката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод празникот 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

nikola-gruevski

„Пред точно 123 години беше поставен темелот на македонската организирана борба за слобода и сопствена татковина. Оваа искра речиси цел еден век ја распламтуваше борбата на народот во Македонија од Илинденската епопеја, преку НОБ и АСНОМ, до 8-ми септември. Идејата на македонската револуционерна организација го разбуди и го одржуваше стремежот за слободна и независна татковина Македонија…Таа борба и денес е исто жива и силна како пред 123 години. Таа борба денес е борба за напредок, благосостојба, нови работни места, повисок стандард, подобро здравство, современо земјоделие, модерно образование и подобра иднина. Нека е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“, стои во честитката од Груевски.

 

META

Слични содржини